Газета: Милан создава среден ред од соништата!
Според нив, Лука Модриќ останува во Милан и наредната година, наводно кај двете страни има расположение за продолжување на соработката.
А на Сан Сиро ќе пристигне и 31-годишниот играч Леон Горецка кој сака да го напушти Баерн Минхен и да почне нов предизвик.
Доколку тоа се случи, Милан би имал среден ред составен од Модриќ, Горецка и Рабио, тројца фудбалери со големо искуство и со многу освоени трофеи.
За ова да се случи клучно ќе биде Милан да избори пласман во Лигата на шампионите.