Скандал на повидок: Анчелоти бил уценет за да го вклучи Нејмар во тимот за СП 2026!

Нејмар во последен момент се најде на списокот на селекцијата на Бразил за претстојното Сп 2026, но бразилските медиуми тврдат дека зад оваа одлука стои огромен притисок врз селекторот Карло Анчелоти.

Тој, наводно, до последен момент се двоумел дали да го повика Нејмар поради честите повреди и слабата физичка подготвеност, но на крајот добил „силна препорака“ од федерацијата да го вклучи во тимот. Челниците на сојузот му објасниле дека присуството на Нејмар ќе предизвика еуфорија кај навивачите, а дополнителен притисок стигнал и од спонзорите, кои сакале најголемата ѕвезда на Бразил да биде дел од Мундијалот. Сето ова го „зачиниле“ со понуда за нов договор, која била врзана со послушност за овој случај.

Италијанецот и покрај сето ова јавно испратил јасна порака.

„Сакам да бидам јасен, чист и фер - Нејмар ќе игра само ако заслужи. Не сакам ѕвезди, туку играчи што ќе му помогнат на тимот да победува“, порача Анчелоти.

Дополнителен проблем за „кариоките“ е што Нејмар повторно има проблеми со повреда, а поради него надвор од списокот остана Жоао педро од Челси. Одлуката веќе ја подели бразилската јавност – едни веруваат дека Нејмар и натаму е незаменлив, додека други сметаат дека репрезентацијата не смее да биде водена од маркетинг и спонзорски интереси.