Скандал на повидок: Анчелоти бил уценет за да го вклучи Нејмар во тимот за СП 2026!
Тој, наводно, до последен момент се двоумел дали да го повика Нејмар поради честите повреди и слабата физичка подготвеност, но на крајот добил „силна препорака“ од федерацијата да го вклучи во тимот. Челниците на сојузот му објасниле дека присуството на Нејмар ќе предизвика еуфорија кај навивачите, а дополнителен притисок стигнал и од спонзорите, кои сакале најголемата ѕвезда на Бразил да биде дел од Мундијалот. Сето ова го „зачиниле“ со понуда за нов договор, која била врзана со послушност за овој случај.
Италијанецот и покрај сето ова јавно испратил јасна порака.
„Сакам да бидам јасен, чист и фер - Нејмар ќе игра само ако заслужи. Не сакам ѕвезди, туку играчи што ќе му помогнат на тимот да победува“, порача Анчелоти.
Дополнителен проблем за „кариоките“ е што Нејмар повторно има проблеми со повреда, а поради него надвор од списокот остана Жоао педро од Челси. Одлуката веќе ја подели бразилската јавност – едни веруваат дека Нејмар и натаму е незаменлив, додека други сметаат дека репрезентацијата не смее да биде водена од маркетинг и спонзорски интереси.