Ѓоковиќ го избегна Синер до финале на Ролан Гарос, а почнува против - домашен џин!
Италијанецот во француската престолнина пристигнува со серија од 29 последователни победи, а турнирот ќе го отвори против Французинот Клемен Табур, кој доби специјална покана за настап. Тој ќе се обиде да стане само седми тенисер во модерната историја што го комплетирал кариерниот „гренслем“ токму со титула на Ролан Гарос.
Србинот, пак, ќе ја почне потерата по рекордната 25. гренслем-титула против домашниот џин, Џовани Перикар (203 см), а веќе во третото коло би можел да игра против големата млада надеж, Жоао Фонсека. Александер Зверев, кој лани играше во финалето во Париз, се наоѓа во истата половина со Ѓоковиќ и турнирот ќе го отвори против Французинот Бенџамин Бонзи.