Не само што е договорен, Мурињо веќе работи на трансферите во Реал!

Информациите од Шпанија велат дека само прашање на време е кога Жозе Мурињо и официјално ќе биде промовиран како нов тренер во Реал Мадид, се е договорено.

За шпанските медиуми нема никакви дилеми дека Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Тие велат дека Португалецот и клубот веќе зборуваат за трансфери во летниот преоден рок.

Мурињо сака по своја мерка да има тим во Реал Мадрид, а Флорентино Перез е подготвен да направи напор за да му ги оствари желбите на Португалецот.

За Мурињо враќањето во Реал Мадрид е последна шанса да работи на најголемата фудбалска сцена, а Перез верува дека токму тоа ќе биде мотивацијата на португалскиот стратег која ќе го врати кралскиот клуб на врвот.