Хаос поради грешка на четвртиот судија - Нејмар збесна! (ВИДЕО)

На мечот меѓу Сантос и Кортиба се случи невидена сцена во режија на четвртиот судија а настрада Нејмар кој неоправдано беше заменет и мораше да се повлече во соблекувалната.

Во 65. минута четвртиот судија ја крена таблата со број 10, што значеше дека Нејмар го напушта теренот. Проблемот настана бидејќи во тој момент бразилската ѕвезда се наоѓаше надвор од теренот поради укажување на медицинска помош. Наместо нео на теренот влезе младиот играч Робињо Жуниор.

Неколку моменти подоцна стана јасно дека дошло до недоразбирање и дека теренот требало да го напушти Гонзало Ескобар, а не Нејмар.

Кога Нејмар сфати што се случува, се обиде да се врати во игра и се креираше вистинска конфузија. Тој видно изнервиран, влезе во расправа со судиите, па го зема ливчето и покажуваше на камерите дека не било предвидено тој да биде заменет и дека се работи за грешка.

Сепак, судиската одлука не беше променета. Нејмар мораше да се смири и да излезе од теренот. А поради бурната реакција заработи и жолт картон иако вината не беше негова.

Сантос кој го загуби мечот со 0-3, излезе и со соопштение за оваа ситуација.

„Четвртиот судија погрешно ја евидентираше замената, што го потврдува и телевизиката снимка, како и официјалниот записник. Нејасно е како пропустот не е исправен на време“, реагираа од Сантос.