Македонија од вториот шешир ќе биде влечена за СП!

Ракометната репрезентација на Македонија денеска завери уште еден настап на големо натпреварување откако убедливо во баражот ја минавме Словачка.

Светското првенство ќе се одржи во Германија од 13 до 31 јануари идната година. Учество ќе земат 32 репрезентации.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 10 јуни во Минхен, а Македонија ќе биде влечена од вториот шешир.

На Светското првенство ќе има осум групи од по четири репрезентации.

Покрај Македонија во вториот шешир се уште и селекциите на Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови. Тоа значи дека ниту една од овие селекции не може да ни се падне на ждрепката.

Од првиот шешир ќе бидат влечени Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина.

Во третиот шешир се селекциите на: Грција, Полска, Бразил, Бахерин, Тунис, Зеленортски острови, Чиле и САД.

Последниот шешир го сочинуваат: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај и уште две селекции кои ќе добијат Валјд карти.