Димитриевски и Валенсија победија во луд меч со седум гола и заверија опстанок! (ВИДЕО)
Македонскиот голман денеска прими три гола, но Валенсија успеа да оствари важна победа и на коло пред крајот да ја оствари целта за оваа сезона.
Сосиедад поведе уште во третата минута со гол на Муњоз, но брзо следуваше пресврт. Пет минути подоцна Герера погоди за 1-1, а потоа реализираше и Дуро за водство на Валенсија од 2-1.
Во второто полувреме следуваше нов пресврт, Тарега си постигна автогол за 2-2, а Оскарсон погоди за 3-2 за Сосиедад.
Ситуацијата на Валенсија стана уште посоложена во 70. минута кога Комерт заработи црвен картон.
Но, и покрај тоа, со голови на Родригез во 89. минута и Гуерара во 93. минута, Валенсија направи уште еден пресврт и дојде до победа.
Во истиот термин играше и Реал Мадрид кој со гол на Винисиус ја победи Севиља на нејзин терен со 1-0.
Со тој резултат триумфираше и Атлетико Мадрид над Жирона.