Грција со сензационална победа над Холандија се пласира на Мундијалот

Ракометарите на Грција триумфираа со 38-33 во вториот натпревар против Холандија и се пласираа на Светското првенство (СП), каде што се враќаат по пауза од 22 години.

Холанѓаните немаа решение за Панајоту и Арампацис, кои беа разиграни и ја полнеа нивната мрежа во текот на натпреварот. Првиот грчки репрезентативец постигна седум голови, а неговиот колега запиша шест погодоци.

Пласман на Мундијалот обезбеди и Полска, откако се избори за реми на гостувањето кај Австрија (30-30), па така со вкупни 56-55 го елиминира ривалот.

Фото: Hellenic Handball Federation - ΟΧΕ