Семењо со мајсторија му донесе пехар на Манчестер сити во ФА-купот (ВИДЕО)

Манчестер сити триумфира во финалето на ФА-купот со 1-0 против Челси, а голот за победа го постигна Антоан Семењо.

Челси одлично им парираше на „граѓаните“ дури 70 минути, иако двете екипи немаа посериозни шанси сè до 71. минута кога Семењо со мајсторски потег го матира Санчез.

Гигантот од Лондон се обиде да ја анлуира негативата, меѓутоа не функционираше нападот, па Сити во продолжение имаше уште една шанса за нов гол преку Шерки, но овој пат Санчез беше на висина на задачата.

Фото: Facebook/Manchester City