Шокантни детали за ситуацијата на Дончиќ - бил уценет од сопругата да не игра за Словенија
Словенецот раскина со својата долгогодишна партнерка кратко по раѓањето на нивното второ дете. Дончиќ најави битка за старателство над нив, а неодамна ја шокираше јавноста со објавувањето дека нема да игра за Словенија ова лето, токму поради таа причина.
Сега се појавија нови информации, а се тврди дека Анамарија практично го принудила Дончиќ да не игра за Словенија. Според порталот „24 сата“, таа го обвинила кошаркарот дека ги занемарува своите деца, а секој пат кога би одел да игра за репрезентацијата, таа може да го искористи тоа против него. Словенците ќе играат против Шведска и Естонија во јуни како дел од квалификациите за Светското првенство во Катар следната година.