Синер урна голем рекорд на Ѓоковиќ и се пласира во полуфинале во Рим!

Јаник Синер одигра уште еден моќен меч на Мастерс турнирот во Рим, го победи Андреј Рубљов со 2-0 во сетови и се пласираше меѓу четворицата најдобри тенисери.

Синер првиот сет го доби со 6-2, а вториот со 6-4 и дојде до лесна победа против Рубљов.

За Италијанецот ова беше 32 последователна победа на Мастерс 1000 турнирите, тоа е нов рекорд. Тој го надмина Ѓоковиќ кој беше досегашен рекордер со 31 победа по ред на овие турнири. Србинот тоа го направи во 2011 година.

Во полуфиналето Синер ќе игра со победникот од дуелот меѓу Медведев и Ландалуче.