Македонија ќе биде дел од важен кошаркарски состанок во Рејкјавик
Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре во хотелот „Рејкјавик Гранд“ во Рејкјавик ќе се одржи годишниот состанок на генералните секретари на европските национални федерации.
На состанокот, кој во ваков формат се организира веќе трета година по ред, претставува важна платформа за размена на искуства, идеи и зајакнување на соработката меѓу националните федерации ширум Европа. ќе бидат присутни генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Стојчевски, и потпретседателот, Младен Ѓуроски.
На агендата на состанокот се предвидени повеќе актуелни и значајни теми за европската и светската кошарка, меѓу кои полова подобност, судењето, осигурување, 3x3 кошарката, новиот изглед на ФИБА Евро Купот како и новитетите поврзани со ФИБА Европскиот Куп, процесот на ЛОК/НЦАА лига, односно трансфери на европските играчи во европските лиги.
Годишниот состанок во Рејкјавик претставува уште една можност за продлабочување на соработката и координацијата меѓу европските федерации, со фокус на идниот развој на кошарката на континентот.