Тотална доминација на „нераѕурите“: Двојна круна за Интер, прва по 16 години (ВИДЕО)

Првпат по ерата на Жозе Мурињо, екипата на Интер комплетираше двојна круна во италијанскиот фудбал откако по освоената титула во Серија А, вечерва триумфираше и во Купот.

Во финалето на Олимпико, „нераѕурите“ го совладаа Интер со 2-0, многу полесно од очекувањата, кога станува збор за вакви натпревари. Се беше решено во првото полувреме, работата на Интер му ја олесни Марушиќ кој си постигна автогол, а потоа Лаутаро Мартинез го постави конечниот резултат.

 

 

Последната двојна круна во италијанскиот фудбал за Интер датира од 2010 година кога всушност, миланскиот тим триумфираше и во Лигата на шампионите. Оваа сезона беше навистина најдобар, многу рано стигна до трофејот во Серија А, а се чини дека најголемата работа ја заврши во полуфиналето кога губеше од Комо со 0-2, а победи со 3-2.

За Интер ова е десетти триумф во Купот на Италија со што изби сам на второто место на вечната листа на освојувачи, зад Јувентус кој има 15.