Маркез имаше две операции, Дукати ќе настапи со еден возач во Барселона

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез дефинитивно нема да вози на трката за Големата награда на Каталонија, а Франческо Бањаја ќе биде единствен возач на Дукати.

Италијанскиот тим соопшти дека Маркез е оперира, а три дена пред почетокот на трката во Каталонија потврди дека нема да има замена за шампионот.

Причина за тоа е што замената за Маркез, Нико Булега има обврски во Светскиот супербајк шампионат.

Маркез во неделата имаше две операции, на стапалото и на рамото, поради што го чека пауза надвор од патеките.

Фото: Instagram/marcmarquez93