Македонецот е легенда во Германија: Мајнц му посвети дел од стадионот на Новески (ФОТО)
Македонецот остави длабока трага во Мајнц во периодот од 2004 до 2015 година, настапувајќи на 315 официјални натпревари и постигнувајќи 12 голови. Поголемиот дел од тој период го мина и со капитенската лента, градејќи статус на лидер и симбол на клубот. Со објава на социјалните мрежи и фотографии од графитите посветени на Новески, од Мајнц кратко и јасно порачаа што мислат за него.

„Легенда“, пишаа од бундеслигашот на социјалните мрежи.
Новески кариерата ја почна во Пелистер, за потоа преку Ханса Рошток и Ауе направи трансфер во Мајнц каде што и ја заврши кариерата. За Македонија собра 64 настапи и постигна пет голови.
