Димитриевски е играч на мечот, ја спасуваше Валенсија и во Билбао! (ВИДЕО)

Валенсија успеа да слави против Атлетик Билбао, а еден од најзаслужните за триумфот беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој беше избран и за играч на натпреварот.

Дуро промаши пенал во првото полувреме, по што Атлетик стана многу опасен во продолжение и создаде дури 10 шанси во вториот дел, но македонскито голман беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.

Победата на „лилјаците“ ја обезбеди Садик во 72. минута кога ја затресе мрежата на домаќинот за конечни 1-0.

Димитриевски уште еднаш покажа колку е важен а Валенсија, откако во првиот дел од сезоната не добиваше шанса поради неговиот колега, но штом ја презема главната улога меѓу стативите веднаш блесна за шпанскиот тим.

Валенсија со оваа победа скокна до 12. место во лигата и направи клучен чекор кон опстанок во лигата, но може да се надева и за повисок пласман доколку се поклопат резултатите до крајот на сезоната.

 

Фото: Facebook/Valencia C.F