Костески: Словачка никако не смее да се потцени!

Македонската ракометна репрезентација денеска ги почна подготовките за баражот против Словачка, а пред медиумите покрај селекторот Лазаров, зборуваше и Ненад Костески.

Ракометарот на Алкалоид истакна дека Македонија сака да ја продолжи низата со пласман на големите турнири, меѓутоа е и свесен дека Словачка не може да се потцени.

„Сакаме да ја продолжиме низата со настапи на големите натпреварувања, треба да бидеме скромни и присебни и да подготвиме најдобро што можеме. Не можете да потцените ниту една репрезентација, сите играат ракомет. Мораме да го сфатиме двомечот сериозно и да прикажеме една добра игра. Ние напредуваме како репрезентација и зошто да не победиме и дома и на гости за пласман на уште едно големо натпреварување.

Ако можеме да си ја олесниме работата по првиот натпревар зошто да не, но мора да сме 100% подготвени и никако не смееме да го потцемие противникот.

Првиот натпревар против Словачка го играме на гости на 14 мај, додека реваншот е закажан за на 17 идниот викенд на домашен терен.