Тимот на Инсиње испадна во трета лига, навивачите збеснаа и направија хаос (ВИДЕО)

Екипата на Пескара за која во вториот дел од сезоната настапуваше и Лоренцо Инсиење наредната сезона ќе игра во Серија Ц.

Во одлучувачкиот натпревар од сезоната, Пескара ремизираше со Специја пред своите навивачи 1-1 и така ги загуби сите шанси за опстанок. По натпреварот навивачите на домаќините својот бес го искажаа и со употреба на пиротехника пред стадионот.  

На мета на критики се најде и самиот Инсиње, кој во претходното коло не реализираше пенал на натпреварот со Падова, со што стана еден од виновниците за испаѓањето во понизок ранг.

Искусниот напаѓач на почетокот на оваа година се врати во клубот за кој со голем успех настапуваше во сезоната 2011/2012, тогаш како позајмен играч од Наполи, а како што стојат работите по испаѓањето веројатно и брзо ќе си замине.