Младите фудбалерки на Македонија поразени на пенали од Андора

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Андора на пенали во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години.

Андора поведе преку Бос во 14. минута, а потоа во 79. минута зголеми на 2-0, но Македонија со погодоците на Елена Наумоска израмни на 2-2.

Натпреварот во регуларните 90 минути заврши 2-2, по што победникот се решаваше на пенали каде што Андора беше поуспешна.

Македонија го игра следниот меч против Косово в понеделник од 13 часот.

Фото: ФФМ