Трката Џиро д'Италија првпат во историјата ќе почне во - Бугарија!
Овогодинешното 109. издание на трката е закажано да почне на 8 мај во Несебар, Бугарија, а ќе заврши на 31 мај во Рим со вкупно 21 етапа.
На трката ќе учествуваат 23 екипи и тоа се сите 18 тимови од Светската велосипедска серија и пет екипи од Про серијата.
Инаку, ова ќе биде и 16-ти пат во историјата на трката да се почнува надвор од границите на Италија, минатата година стартот беше во Албанија.
Фото: Giro d'Italia/FB