Дваесет часа откако Вардар ги понижи, пелистерци на отчет пред своите навивачи!

Ракометарите на Пелистер денеска само дваесет часа по дебаклот во Скопје против Вардар ги чека нов натпревар во Суперлигата и тоа против Бутел на свој терен, а во овој дуел поради големото незадоволство кај навивачите атмосферата на трибините може да биде „жешка“.

Навивачите се бесни и бараат отчет, не го криеја незадоволството и преку социјалните мрежи каде што испраќаа жестоки критики за нивното бледо издание против најголемиот ривал, без разлика што титулата речиси беше во рацете на Вардар и пред натпреварот.

Дека владее огромно незадоволство покажува и тоа што вчера во Скопје немаше гостински навивачи.

Веднаш по вчерашниот натпревар на Фејсбук страната на Чкембари беше објавена кратка порака со жестока навреда ракометарите.

Утрово следуваше и нова реакција во која навивачите се огласија со соопштение во кое прстот покрај ракометарите го вперуваат и во стручниот штаб, но и во раководството.

Токму поради сето тоа денешниот дуел против Бутел кој почнува во 17:30 часот може да биде и можност навивачите и јасно пред ракометарите да го покажат својот револт од неуспешната сезона во која битолскиот клуб остана без трофеј.