Баерн загуби од ПСЖ, па сега ќе купува играч од нив за 90 милиони евра!
Тимот на Компани ги урна сите рекорди во Бундеслигата, но тие сакаат да донесат уште едно засилување во нападот иако таму го имаат фантастичното трио Дијаз - Кејн - Олисе.
Наводно, Баерн Минхен е заинтересиран за играчот на ПСЖ, Бредли Баркола за кого францускиот клуб бара 90 милиони евра.
Баркола не е задоволен од својот статус во ПСЖ, тој најчесто оваа сезона влегува од клупата за резерви, така беше и на последните натпревари во Лигата на шампионите.
23-годишниот фудбалер игра на сите три позиции во нападот иако најприродна му е по левата странична позиција.
Баркола со ПСЖ има договор до јуни 2028 година, но со евентуален притисок од негова страна и добра понуда од Баерн Минхен, трансферот може да се реализира.