ТФТ го загуби првиот меч од Борец во борбата за АБА-лигата
ТФТ немаше решение за расположениот Борац, кој беше ефикасен во нападот и постигна дури 54 поени во првото полувреме (54-32).
Борац ја контролираше играта и во второто полувреме, па продолжи да го полни кошот на скопската екипа до конечни 97-61.
Најефикасни кај Борац беа Јошило и Николиќ со по 20 поени, додека Дејвис Јуниор запиша 17 поени.
Вториот натпревар меѓу екипите е закажан за 10 мај од 20 часот, а ТФТ ќе се обиде да стигне до првата победа против Борац, кој се бори за опстанок во АБА-лигата.
ТФТ Скопје претходно играше против Широки Бријег во финалето на АБА2-лигата, но беше поразен.