Влаховиќ со мајсторски гол му донесе реми на Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус ремизираа на домашен терен против Верона (1-1) во 35. коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ доминираше на теренот, но Верона прва постигна гол преку Кирон Боуви во 34. минута.

Јувентус успеа да израмни со мајсторски гол на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во 62. минута, но домашниот тим немаше сила за втор погодок.

По 35 одиграни кола, Јувентус е на четвртата позиција со 65 бодови, додека Верона е претпоследна и следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Фото:Facebook/Juventus