Во Серија А немаше гол над 350 минути – Берарди го скрши мразот! (ВИДЕО)

Доменико Берарди во петтата минута попладнево ја погоди мрежата на Милан, а со овој гол искусниот напаѓач прекина и една црна низа во најсилното италијанско првенство.

Имено, до натпреварот на Сасуоло и Милан, три натпревари завршија без голови 0-0. По голот на Кристенсен за конечни 2-0 за Удинезе против Торино во 51-та минута од тој натпревар мрежите мируваа на средбите: Комо – Наполи, Аталанта – Џенова и Болоња – Каљари.

Со сето тоа и петте минути од натпреварот на „Реџо Емилија“ се доаѓа до вкупно 351 минута без гол во една од најсилните петте лиги во Европа.