Судии во БиХ се појавија во речиси идентична опрема како една од екипите (ВИДЕО)
Имено, судиите на теренот имаа речиси идентична опрема како домаќините. Сцената беше збунувачка за гледачите, но веројатно проблеми имаа и фудбалерите на теренот кои лесно можеа да помислат дека се работи за член на домашната екипа.
Инаку, судиите во БиХ имаат и црна опрема која претходно ја користеа во домашните натпревари на Рудар, меѓутоа сега од некоја причина беа речиси идентични. На крајот домаќинот сепак и во таква ситуација славеше победа од 3-2.