ФИФА веќе работи на идејата, Мундијал со уште повеќе репрезентации е реалност!
Според информациите на „ЕСПН“, ФИФА сериозно ја разгледува можноста на Мундијалот кој ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко да настапат дури 64 репрезентации.
Причината за ваквиот потег е големиот јубилеј, 100 години од првото Светско првенство. Токму затоа, по еден натпревар од групната фаза ќе се одигра во Уругвај, Аргентина и Парагвај, со што симболично ќе се одбележи еден век од првото Светско првенство.
Веќе на следното Светско првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија, форматот би требало да се врати на 48 репрезентации, како што ќе биде случај и ова лето.
Доколку идејата на Џани Инфантино и раководството на ФИФА добие зелено светло, тофаш и Македонија би имала поголеми шанси за првпат да се пласира на едно Светско првенство.
Светското првенство во САД, Мексико и Канада ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, а титулата ќе ја брани Аргентина. Од регионот, место меѓу најдобрите обезбедија Хрватска и Босна и Херцеговина.
Фото: FIFA World Cup/X