Гвардиола си оди од Сити, наследникот веќе се знае!?
Иако сè уште ништо официјално не е потврдено, се очекува легендарниот стручњак наскоро да го објави своето заминување од клубот.
„Се очекува Пеп Гвардиола да ја напушти функцијата менаџер на Манчестер Сити на крајот од сезоната. Енцо Мареска е главен кандидат за негов наследник, но сè уште ништо не е целосно договорено. Сите во клубот очекуваат тоа да се случи. Се водат преговори за именување трибина на Етихад во чест на Пеп“, тврдат англиските медиуми.
Пеп има договор до јуни 2027 година, но има многу поголеми шанси да се повлече од функцијата менаџер на „граѓаните“, за што се зборуваше и претходните години.
„Се водат детални преговори со Мареска за тоа што треба да се направи како дел од планираната транзиција. Единственото нешто што би можело да ги промени работите е одлуката на Пеп Гвардиола да продолжи со работата, односно да остане во клубот“, додаваат на Островот.
Енцо Мареска работеше како менаџер на Челси претходните две години. Беше отпуштен во јануари оваа година, а ги предводеше „сините“ до трофеј во Конференциската лига и Светското клупско првенство.
Претходно, тој го водеше Лестер, кој го воведе во Премиер лигата и тимот на Парма, но доаѓањето во Сити дефинитивно би бил најголемиот предизвик. Веќе беше дел од тренерскиот штаб на Пеп Гвардиола и тренер на младинските категории, и многу добро знае што го чека. Пеп Гвардиола ќе биде запаметен како најголемиот менаџер на Сити на сите времиња. Освои сè што можеше со овој клуб и досега има 19 трофеи, со можност да стигне и до трофеите во ФА Купот и Премиер лигата.