Изборија плеј-оф, а славеа како веќе да се пласирале во Премиер лигата (ВИДЕО)
Хал во последното коло на свој терен го совлада Норвич со 2-1 и така го освои шестото место на табелата. Но, по победата домашните навивачи втрчаа на теренот, а ако некој не ја знаеше ситуација сигурно можеше да помисли дека слават место во елитата.
Вака, допрва ги чека битката во која треба да слават прво во полуфиналето, потоа и во финалето за да обезбедат враќање помеѓу најдобрите. Во полуфиналетто ќе се сретнат со Милвол кој до денеска беше во игра и за директен пласман во Премиер лигата, додека во вториот полуфинале пар ќе се соочат Саутемптон и Миделсброу.
Директно место во Премиер лигата сезонава од Чемпионшип обезбедија екипите на Ковентри и Ипсвич.
Literally scraped the bottom position in the play offs 😂 Who sponsors your pitch invasion, Hull? pic.twitter.com/NJ5kHam5hJ
— Lincs Pilot 🔰 (@LincsPilot) May 2, 2026