Столе и Валенсија со два гола во финишот поразени од Атлетико (ВИДЕО)
Атлетико беше подобар противник, домаќините во комплетните 90 минути не упатија ниту еден удар во рамките од голот на гостинскиот голман. Сепак, победникот беше решен во завршницата од дуелот.
Во првото полувреме мрежите мируваа, а потоа на 15-тина минути до крајот Луке го отвори резултатот. Победата на „јорганџиите“ беше потврдена во 82. минута кога во листата на стрелци се запиша Кубо.
Фото: Atlético de Madrid