Кузмановски останува верен на Пелистер - потпиша нов договор!
Кузмановски беше важен дел од битолската екипа во изминатите три години, откако пристигна во Пелистер од германски Вецлар и беше клучен ракометар за трите титули со кои зелено-белите се вратија на тронот по подолго време.
Како што дознаваме, сѐ уште актуелниот шампион реши да го задржи левиот бек и во следната сезона иако битолчани се поизвесно е дека ќе ја загубат титулата која е на милиметри од враќање во вардаровите одаи. На Пелистер во воздух му виси и второто место што носи директен пласман во Европската Лига.
Пелистер претходно обезбеди уште еден важен потпис, односно му ја продолжи соработката на искусниот голман Никола Митревски на дополнителни две сезони.
„Зелено-белите“ немаат најдобра сезона, па поради тоа се очекува да направат одредени промени во текот на летото, но воедно и да ги задржат најважните играчи во тимот.