Фуксе Берлин прокоцка „плус пет“, Веспрем ја доби првата битка!
Фуксе Берлин беше подобар тим на паркетот во првото полувреме (20-17), а водеше и со 26-21 во вториот дел, но Веспрем почна да се буди во завршницата и да ја топи негативата.
Во драматична завршница, Веспрем успеа да направи и целосен пресврт за на крајот да слави со 35-34.
Најефикасни во победничкиот тим беа Уго Деска и Иван Мартиновиќ со по осум голови, додека Марсел Гидсел запиша 13 погодоци.
Фото: Facebook/Veszprém Handball Club