Роналдо: Се ближи крајот на мојата кариера (ВИДЕО)
Роналдо го постигна неговиот 970. гол во кариерата, а во разговор со новинарите откри дека доаѓа крајот на кариерата.
„Уживам во фудбалот од натпревар во натпревар, од ден во ден, од година во година. Се ближи крајот на мојата кариера. Имав одлична кариера и уживам на теренот. Најважно ми е да победувам. Сакам да ја освојам титулата со Ал Наср“, кажа Роналдо.
Фото: AlNassr Saudi Club/Facebook