Вчера гледавме спектакл, а денеска во Мадрид може да очекуваме рововска битка!

Вечерва во Мадрид од 21:00 часот ќе се одигра второто полуфинале во Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид и Арсенал.

Фудбалската јавност уште е под импресии од вчерашниот спектакл меѓу ПСЖ и Баерн во кој беа постигнати дури девет гола, меѓутоа вечерва многу веројатно дека ќе гледаме еден поинаков дуел.  

На „Метрополитано“ во Мадрид никој не очекува разиграна и офанзивна пресметка како онаа во Париз, но затоа извесно е дека нè очекува интересен и неизвесен натпревар исполнет со многу борба.

И двете екипи негуваат цврст стил на игра, со акцент на одбраната, па се очекува вистинска рововска битка во која најситните детали би можеле да го решат победникот, ако воопшто го има.

Веројатни состави:

Атлетико: Облак; Молина, Пубил, Ле Норман, Руџери; Симеоне, Љоренте, Коке, Алекс Баена; Гризман, Алварез.

Арсенал: Раја; Вајт, Габриел, Салиба, Хинкапиe; Рајс, Одегард, Зубименди; Сака, Ѓокереш, Мартинели.

Фото: EPA