Бензема за можното романтично враќање: Како фудбалер нема шанси
Французинот јасно порача дека такво нешто нема да се случи, но не исклучи враќање во поинаква улога.
„Нема шанси...Можеби еден ден да се вратам како функционер, но како играч не. Би сакал да ги тренирам младите и да бидам близу до нив, да им објаснам како го гледам фудбалот“, изјави Бензема.
Актуелниот договор на Бензема со Ал Хилал го врзува до 2027 година, а сезонава постигна 24 гола на 29 натпревари.