Oмерагиќ денеска со хет-трикот прослави и јубилеј! (ФОТО)
Омерагиќ сите три гола ги постигна во период од 20-тина минути во второто полувреме од 61. до 82. Минута.
Пред натпреварот, напаѓачот на „црвено-црните“ доби и признание од Вардар за 100 одиграни натпревари во „црвено-црниот“ дрес.
Ќе потсетиме, вардарци денеска ја изедначија својата најубедлива победа оваа сезона од дуелот со Шкупи и славеа со 7-0.