Синер фуриозно во Мадрид, обезбеди осминафинале за 77 минути (ВИДЕО)

 Јаник Синер без поголеми проблеми пласираше во осминафиналето на турнирот во Мадрид, откако го совлада Данецот Елмер Мелер со 6-2, 6-3.

Дуелот против 169. тенисер на АТП листа Синер го реши во своја корист по еден час и 17 минути игра.

Ова беше нивна прва меѓусебна пресметка, а Италијанецот ја отвори средбата фуриозно, со два брејка и водство од 5-1.

Иако потоа загуби еден сервис, со нов брејк го затвори првиот сет. Вториот сет донесе помирна игра, а на Синер му беше доволна една искористена брејк-топка во шестиот гем за да го скрши отпорот на противникот.