Вардар сака нова победа против Тиквеш, Пелистер на тешко гостување кај Брера

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ќе го пречекаат Тиквеш на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, додека Пелистер ѝ гостува на Брера Струмица од 16 часот.

Вардар е лидер во домашниот шампионат, но Шкендија на стопи разликата на само еден бод, па на скопскиот гигант не му останува ништо друго освен да оди на нов триумф.

„Црвено-црните“ триумфираа на претходните два дуели против кавадарчани, и тоа со 3-1 во Скопје и 2-1 на гостински терен, па се надева дека ќе го оствари и третата победа по ред.

Тиквеш, сепак, нема лесно да се предаде, а тоа го најави и Кристијан Ацковски.

„Ние пролетва покажавме дека можеме да се носиме со речиси сите и да играме квалитетен фудбал. Може и нам да ни се случи слаб ден, па ете така може да го окарактеризираме дуелот против Шкендија. Денеска пак сметам дека во Скопје доаѓаме да се надигруваме со квалитетен противник. Вардар и Арената секогаш се мотивација за секого па така и за нас. Очекувам квалитетен натпревар, да ги искористиме нашите шанси и да не му дозволиме на противникот да се разигра. Да се вратиме на победничките патеки и резултати кои што  и не доведоа до оваа ситуација на мирен финиш на овогодинешниот шампионат“, посочи тој.

Пелистер е во опасната зона и се надева дека ќе оствари позитивен резултат на теренот во Струмица.

„Очекуваме тежок натпревар против АП Брера, екипа која игра дисциплинирано и знае да ги користи шансите. Ќе мора да бидеме максимално фокусирани и компактни во текот на целиот меч. Верувам дека со добар пристап можеме да оствариме позитивен резултат“, кажа Кире Ристевски.  

Двата натпревари од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига се играат од 16 часот.

Standings provided by Sofascore