Дерби на дното во Ѓорче: Домаќините немаат право на кикс
Домаќините натпреварот го дочекуваат во полоша форма и позиција на табелата, па затоа тие немаат право кикс, меѓутоа бодови се и тоа како важни и за гостите од Дебар Маало.
„Лавовите“ се претпоследни со 24 бода, четири помалку од Работнички и пет од Пелистер кој е прв на позицијата што обезбедува бараж за опстанок. Токму затоа во случај на поразот Македонија Ѓорче Петров денеска би направила огромен чекор кон враќање во Втората лига.
„Сиот овој период од таборот на Македонија ЃП се изјавува дека ќе се бориме до крај и дека нема откажување. Така е и овој пат. Одиме да победиме, да освоиме бодови, како денес така и на сите преостанати мечеви до крајот на шампионатот, и се надеваме на поволен развој на настаните за нас“, велат од Ѓорче Петров пред уделот.
Работнички го дочекува натпреварот и во подобра форма бидејќи на последните пет дуели славеа три победи, додека домашниот состав има четири порази и едно реми.
„Мечот во Ѓорче Петров е екстремно важен за Работнички. Играме против директен ривал за опстанок и секога грешка може да биде кобна. Македонија ЃП игра многу подобро пред своите гледачи, а ние ќе мора да ги сведеме нашите грешки на минимум доколку сакаме да ја оствариме целта. Ги анализиравме нашите лоши потези од претходното гостување во Ѓорче Петров кога загубивме и подготвени сме да одиграме на многу подобро. Се надеваме на позитивен резултат за нас“, истакна тренерот на Работнички, Муарем Муарем.
Натпреварот е закажан во терминот од 16:00 часот.