Излезе новиот дрес на Реал Мадрид, навивачите се згрозени: Најлош е во историјата!

Навивачите на Реал Мадрид не го прифатија баш најдобро новиот изглед на дресот за сезоната 2026/27 – напротив, реакциите се жестоки и претежно негативни.

Првите фотографии беа објавени неофицијално, по што веста експресно се прошири на социјалните мрежи. Дополнителен „бензин“ на огнот додаде и фан-страницата „Мадрид Зоун“, која со милионска публика ја засили дебатата. Иако основата останува традиционално бела, дресот има речиси розеви линии на рамената и страните, комбинирани со зелени детали на крагната, ракавите и спонзорскиот натпис на „Емирејтс“.

За навивачите, ова е „предалеку“ од класичната елеганција на клубот, каде доминираа црни, златни или темно-сини акценти. Поради ова коментарите на социјалните мрежи се брутални.

„Ни требаат златни линии, а не ова!“, е еден од најлајкуваните ставови, а многумина директно го обвинија Адидас за „здодевен и промашен“ дизајн.

Имаше и поостри реакции: „Најлош дрес што сум го видел“ и „Изгледа како знаме на Мароко“.

Според реакциите, дури 90-отсто од коментарите се негативни. Дополнителна тежина на приказната дава тоа што се објавени „автентични“ фотографии неколку недели порано, што значи дека шансите ова навистина да биде новиот дрес се големи.