Лацио го доведе како резерва, а вчера беше херој – одбрани четири пенали! (ВИДЕО)
Во првиот меч во Рим беше 1-1, а вчера во Бергамо резултатот беше 2-2 во регуларните 90 минути, а откако немаше голови ниту во продолженијата се изведуваа пенали.
Тогаш на сцена стапи 21-годишниот голман Едоардо Мота кој дојде во јануари од второлигашот Реџана, а доби шанса како замена за повредениот Проведел. Мота во пенал-серијата одбрани дури четири пенал и излезе како победник во дуелите со Скамака, Запакоста, Пашалиќ и Де Кетеларе.
Фото: EPA