Ал Наср подготвува изненадување: Роналдо ќе заигра заедно со неговиот син!?

Ал Наср ја разгледува можност од следната сезона во првиот тим да го приклучи синот на Кристијано Роналдо, а конечната одлука треба да биде донесена по крајот на актуелната сезона.

По деталната проценка на развојот на младиот фудбалер и неговиот потенцијал, ќе биде донесена одлука од стручниот штаб дали Кристијано Роналдо јуниор може да му помогне на сениорскиот тим на Ал Наср.

Промоцијата на синот на Роналдо е поврзана иднината на неговиот татко кој има договор со Ал Наср на уште една сезона, а саудискито тим сака да го задржи и во следниот период.

Ал Наср во моментов е на првата позиција во саудиската лига со 76 бодови и важи за главен кандидат за титулата.

Фото: AlNassr Saudi/Facebook