Слот ќе добие отказ од Ливерпул само ако не исполни еден услов

Иднината на Арне Слот е една од главните теми на англиските медиуми речиси во текот на целата сезона, а сега на оваа тема зборуваше и поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер. 

Според информациите на Карагер, Слот ќе добие отказ само во случај ако клубот не се избори за место во Лигата на шампионите наредната сезона, во спротивно ќе добие шанса за подобри резултати наредната сезона.

„Иднината на Арне Слот на клупата на Ливерпул е тема за која се зборува цела сезона. Често ја анализиравме, веројатно и меѓу навивачите има поделени мислења, дали треба да замине или да остане. Но, според информациите што стигнуваат до мене, Слот ќе биде тренер на Ливерпул и следната сезона, ако обезбеди место во Лигата на шампиони, а како што стојат работите во моментов, тоа е многу извесно“, изјави Карагер.

На табелата Ливерпул е петти, последното место кое води во елитното натпреварување, но на пет кола пред крајот има седум бодови повеќе од Челси и Брентфорд.