ХОРОР ВО ДАНСКА: Млад фудбалер избоден со нож – бил во животна опасност!

Ужасни вести доаѓаат од Данска, каде што 19-годишниот фудбалер на Митјиланд, Аламара Џаби, е тешко повреден по напад со нож што се случил за време на викендот во Хернинг.

Како што соопштија од клубот, младиот играч бил во животна опасност и веднаш бил подложен на итна операција, по што следел уште еден хируршки зафат. Во еден момент бил ставен и во индуцирана кома. Од клубот информираат дека неговата состојба во моментов е стабилна.

„Благодарение на брзата реакција на итните служби и лекарите, неговата состојба сега е стабилна. Се разбуди од индуцираната кома и, со оглед на околностите, се чувствува добро“, додаваат од клубот.

Во Митјиланд посочуваат дека се во постојан контакт со надлежните служби и дека му даваат целосна поддршка на фудбалерот и неговото семејство. Околностите за нападот засега не се познати.