Луда завршница во Премиер лигата: Манчестер сити и Арсенал ги чека „пекол“

Манчестер сити вчера славеше со 2-1 против Арсенал на „Итихад“ и така доби еден од најважните дуели во трката за титулата во Премиер лигата.

Доколку „граѓаните“ победат и во заостанатиот меч против Кристал Палас, тогаш ќе имаат ист број бодови со „топчиите“.

Доколку Манчестер сити и Арсенал имаат ист број бодови, тогаш ќе се гледа гол-разликата, а доколку и тоа е исто, тогаш се земаат во предвид постигнатите погодоци.

Арсенал до крајот треба да игра против Њукаскл (дома), Фулам (дома), Вест хем (гости), Барнли (дома), Кристал Палас (гости).

Манчестер сити ќе игра со Барнли (гости), Евертон (гости), Брентфорд (дома), Бормут (гости), Астон вила (дома), Кристал Палас (дома).

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Arsenal