Работнички нема право на грешка, Башкими на битка со Струга
За Работнички ова е еден од најважните натпревари во финишот од сезоната бидејќи по двата порази тимот се наоѓа на десетата позиција и по вчерашниот триумф на Пелистер над Македонија Ѓорче Петров нема право на кикс.
Десеттата позиција е последната која носи директно испаѓање, додека осмото и деветтото играат бараж кој според ситуацијата е последната надеж за спас на клубот од Дебар Маало. Битолчани на табелата со натпревар повеќе имаат четири бода предност. Арсими пак е прв над опасната зона и со три бода би направил голем чекор кон опстанокот.
Дуелот е закажан за во терминот од 13:00 часот.
Вториот натпревар има помало резултатско значење бидејќи, Башкими е речиси сигурен на шестата позиција, додека Струга на третото место веќе нема реални шанси за битка за титулата со Вардар и Шкендија. Башкими во натпреварот влегува со три натпревари без триумф, Струга игра променливо и во претходното коло заагуби од Тиквеш.
Овој натпревар е во вториот термин од 15:00 часот.