Струмица денеска е центар на ракометот, ќе се решаваат победниците во купот!

Денеска Струмица е центар на македонскиот ракомет бидејќи во салата „Парк“ ќе се водат две финални битки за трофеј.

Во машкото куп-финале силите ќе ги одмерат Вардар и Охрид, вардарци во натпреварот влегуваат со желба за одбрана на трофејот и вкупно 18-ти во ова натпреварување. Од друга страна Охрид го игра своето прво финале и сигурно силно посакуваат да дојдат и до првиот трофеј.

Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ за овој натпревар ќе може да смета и на Урош Митровиќ и Милан Лазаревски кои беа исклучени во полуфиналето, меѓутоа бидејќи за двајцата немаше дополнителни пријави од судиите, тие имаат право за настап.

Добра вест доби и стратегот на Охрид, Борис Ројевиќ кој најверојатно ќе смета на поранешниот вардарец Кеисуке Јасихура кој заработи повреда против Пелистер. Финалето е закажано за во терминот од 20:00 часот.

Претходно од 17:00 часот на програмата е женското финале во кое Спартак кој приреди сензација против Чаир ќе игра против ракометарките на Ѓорче Петров кои како и Вардар го бранат трофејот во ова натпреварување, од друга страна тимот од Кисела Вода исто така го игра своето прво финале.