Блажевски: Одигравме еден од најдобрите натпревари и испишавме историја!
По натпреварот задоволството не го криеше голманот Бојан Блажевски.
„Честитки до Пелистер на фер и коректната игра, честитки и до моите соиграчи. Денеска го одигравме еден од најдобрите натпревари оваа сезона, мислам дека одбраната беше клучна за денешната победа. Пилиповиќ беше одличен, нападот функционираше перфектно, но верувам дека можеме да бидеме и уште подобри во тој дел. Чекаме да видиме со кого ќе играме во финалето, меѓутоа секако ова за нас секако е веќе историја.
Финалето в недела се игра во терминот од 20:00 часот.