Роналдо не простува, поради една работа го избришал Линекер од Инстаграм

Легендарниот англиски напаѓач Гери Линекер откри дека Кристијано Роналдо престанал да го следи на Инстаграм, откако јавно кажал дека Меси го смета за подобар фудбалер.

Линекер ова го откри во својот подкаст „The Rest Is Football“, кој го води заедно со поранешните англиски фудбалери Алан Ширер и Мика Ричардс. Објаснувајќи зошто мисли дека Роналдо не го симпатизира, Линекер беше директен.

„Кристијано баш и не ме сака. Престана да ме следи на Инстаграм кога кажав дека Меси е генерално подобар фудбалер“, изјави Линекер.

Ваквиот став на Линекер не е изненадување, со оглед на тоа што поранешниот напаѓач настапуваше за Барселона и со години јавно изразува симпатии кон Меси.

Сепак, и покрај тоа, Линекер во своите настапи речиси секогаш нагласува дека има голема почит кон кариерата и работната етика на Роналдо.